| четврток, 6 декември 2018 |

Адам Џонсон, поранешниот идол на младите, долго ќе биде зад решетки

adam dzonson

Поранешниот англиски репрезентативец Адам Џонсон наредните шест години ќе ги помине зад решетки откако беше прогласен за виновен за „сексуална активност“ со малолетна девојка.

Судијата уште пред десетина дена најави дека Џонсон ќе мора да отслужи затворска казна иако беше виновен само за едно од неколкуте обвиненија, за денеска и официјално да биде изречена пресудата со која крилниот фудбалер ќе мора долго време да помине зад решетки.

„Девојката претрпела огромни психолошки проблеми, откако добила илјадници злобни коментари преку социјалните мрежи. Адам Џонсон е играч во кого апсолутна доверба имаа многу млади навивачи, тој ја изневери таа доверба. Таа имаше само 15 години кога Џонсон, како што самиот призна, ја сметал за сексуално атрактивна. Затоа, казната во ниту еден случај не може да биде минорна“, истакнал судијата Џонатан Роуз при изрекувањето на пресудата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top