
Дури тројца граѓани вчера пријавиле дека нивните возила се погодени од заскитани куршуми. Засега нема докази дека трите инциденти се меѓусебно поврзани.
Според полицијата, вчера во ПС Гази Баба, Љ.Д. од Скопје пријавила дека истиот ден во времето од 15 до 15.45 часот на улицата Финска од заскитан куршум е оштетен автомобил „шевролет круз“ со бугарски регистарски таблички, сопственост на фирмата „Интер ауто рент“ од Бугарија.
Во истата полициска станица, Ѓ.В.(66) од Скопје пријавила дека ноќта меѓу 20 и 21 април, на улица Палмиро Тољати од заскитан куршум е оштетен автомобил „шевролет матиз“ паркиран во дворот од нејзината куќа.
Во ПС Центар, Ф.П.С. пријавила дека ноќта меѓу 20 и 21 април, на улица Јордан Константинов-Џинот од заскитан куршум е оштетен нејзиниот автомобил „хјундаи“.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


