| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени братот и сестрата на Чаушот – осомничен за фалсификување документи

lk-licni-karti-740x320Братот и сестрата на осомничениот за тајната работилница за фалсификување документи Захир Бекири Чаушот се приведени и во моментов се наоѓаат во полициската станица во Кисела Вода. Впрочем, полициски извори потврдуваат дека се уапсени Осман Бехири (братот на Чауш), Зулфија Адеми (сестрата на Чауш) и Владо Нешовски.
Двајцата се осомничени за истите дела како и Чаушот – фалсификување на документи.

Скопското Обвинителство соопшти дека е откриена е тајна работилница каде се вршело фалсификување на документи.
Обвинителство тврдеше дека при претресот во домот на Захир Бекири пронајдени биле обрасци за патни исправи, лични карти и други документи, како и опрема за фалсификување, преси, секачи и друго.

Ниту еден од приведените не е задржан во притвор, освен третото лице Владо Нешовски кој е испратен на дослужување на стара казна затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top