| четврток, 6 декември 2018 |

На СДСМ не му помагаат ни протести

Бе­ше са­мо пра­ша­ње на вре­ме. На де­но­ви. По­ве­ро­јат­но ча­со­ви. Си­те зна­е­ја де­ка СДСМ ќе за­и­гра на кар­та­та на про­те­сти. За­тоа што не­ма дру­га. Бој­кот и про­те­сти. Тол­ку че­сто ко­ри­сте­ни ала­тки од опо­зи­ци­ја­та што ве­ќе не се ни ин­те­рес­ни. Свес­ни за по­ра­зот, пр­во ќе про­те­сти­ра­ат, а по­тоа, мо­же­би, и ќе бој­ко­ти­ра­ат. Ма­ке­до­ни­ја е со­о­че­на со еми­грант­ска ин­ва­зи­ја, а тие си про­те­сти­ра­ат. Во СДСМ, ед­но­став­но, ни­што но­во. Пос­лед­ни, очај­нич­ки оби­ди на зом­би-пар­ти­ја...

5 мај 2015 го­ди­на и 15 март 2016 го­ди­на. Ед­на ра­бо­та ги спо­ју­ва два­та да­ту­ма. При пр­ви­от, СДСМ на на­сил­ни про­те­сти са­ка­ше да вле­зе во Вла­да и по­вре­ди по­ве­ќе од 30 по­ли­цај­ци. Еден од об­ви­не­ти­те со­ци­јал­де­мо­крат­ски ху­ли­га­ни во те­кот на суд­ски­от про­цес се ва­де­ше де­ка бил пи­јан, би­ле и мно­гу­ми­на со не­го. Исто­вре­ме­но, са­мо 30 ки­ло­ме­три по­се­вер­но, гра­ни­ца­та иле­гал­но ја по­ми­ну­ваа те­ро­ри­сти­те од Ди­во На­се­ље… На 15 март 2016 го­ди­на, или 10 ме­се­ци по­тоа, пар­ти­ја­та не са­ка­ше да сме­ни ни­што, нај­мал­ку нај­а­ве­ни­от про­тест. Не ги пре­мис­ли ни­ту фа­ктот што ми­на­та­та ве­чер ма­ке­дон­ска­та гра­ни­ца на­сил­но ја по­ми­наа по­ве­ќе од ил­ја­да еми­гран­ти. Единс­тве­на­та раз­ли­ка бе­ше што овој пат се ра­бо­те­ше за јуж­на­та гра­ни­ца. Те­ро­ри­сти­те ме­ѓу еми­гран­ти­те не се иск­лу­чу­ва­ат, за жал…

Очиг­лед­но, ко­га вло­гот е огро­мен и прет­по­ста­ву­ва си­гу­рен по­раз на из­бо­ри, средс­тва­та не се из­би­ра­ат. Цел­та е по­втор­но од­ло­жу­ва­ње, во не­дог­лед, а се игра на кар­та­та на фа­ќа­ње на про­тив­ни­кот на кон­ди­ци­ја. Проб­ле­мот е по­го­лем за­тоа што не­ма ни­ту кон­ди­ци­ја, ни­ту про­гра­ма. Ед­на ра­бо­та е ос­тва­ре­на. На 5 мај тре­ба да се вле­зе во Вла­да, се­га 10 ме­се­ци по­тоа се та­му. И тол­ку…

За нив­на жал, ми­ни­стри­те им се ан­ти-рек­ла­ма и су­ров нај­а­вен ур­нек за тоа ка­ко го за­мис­лу­ва­ат од­мазд­нич­ко­то вла­де­е­ње. До­пол­ни­тел­ни­те ми­ни­стри, пак, се по­ка­жаа ка­ко до­пол­ни­те­лен проб­лем за ими­џот на пар­ти­ја­та. Уште по­го­лем проб­лем е што во те­кот на из­ми­на­ти­те де­сет ме­се­ци бом­би­те се транс­фор­ми­раа во па­те­тич­ни пе­тар­ди, а СЈО и Ја­не­ва по­то­наа со „Ти­та­ник“ и це­лос­но по­ли­тич­ки и прав­но се де­вал­ви­раа са­ми­те се­бе­си. Ги до­за­ко­па ге­вге­ли­ски­от ин­те­рес за смо­кви­те во Мр­зен­ци, кој го за­се­ни пра­во­то. Бе­а­ти­фи­ка­ци­ја­та на Ја­не­ва ќе по­че­ка, а ли­де­рот За­ев ќе ја ме­ну­ва ре­ли­ги­ја­та. Не, не­ма да оди во ис­лам, иа­ко, спо­ред нај­а­ви­те за нов Рам­ко­вен, ал­бан­ски од гра­дин­ка за Ма­ке­дон­ци­те и прок­ла­ми­ра­на­та од­бра­на на убиј­ци­те од Смиљ­ков­ско Езе­ро, де­фи­ни­тив­но, му ле­жи. Се­пак, во­ден од мо­мент­ни­от ин­те­рес што на­ла­га спас од де­бак­лот на­ре­чен по­раз на из­бо­ри, спа­си­те­лот од Мур­ти­но, очиг­лед­но, има ам­би­ци­ја да ста­не бо­кор, ву­ду-вол­шеб­ник. На­стра­на, одам­на ги зна­е­ме не­го­ви­те ка­ни­ба­ли­стич­ки афи­ни­те­ти и лич­но прок­ла­ми­ра­на­та жел­ба за ја­де­ње жи­ви лу­ѓе, тол­ку ка­ра­кте­ри­стич­на за зом­би­ја­та. Се­га, цел­та е ед­но­став­на и јас­на – ожи­ву­ва­ње на одам­на по­ли­тич­ки мр­тва­та пар­ти­ја и неј­зи­ни­от са­мо­у­би­ен реј­тинг…

 

analiza185-2

Бокорот Заев и оживувањето на мртвата партија

Не за­луд­но, уште по­мал­ку слу­чај­но, СДСМ на про­те­сти­те про­тив Устав­ни­от суд се „прик­лу­чи“ ток­му на пла­ни­ра­но­то бде­е­ње. Уште еден ре­ли­ги­ски мо­тив по­вр­зан со ис­пра­ќа­ње­то на ду­ша­та на по­кој­ни­кот, чин на кој со­ци­јал­де­мо­крат­ски­те не­кро­фи­ли не мо­жеа да му одо­ле­ат. Проб­ле­мот е во фа­тал­на­та прив­леч­ност кон мр­тво­то тки­во, па ма­кар би­ло и по­им ка­ко бде­е­ње­то.

Спо­ред прин­ци­пи­те на за­пад­но-афри­кан­ска­та ву­ду-ре­ли­ги­ја мр­тов чо­век мо­же да би­де ожи­ве­ан са­мо од бокор или волшебник, а спо­ред но­во­ком­по­ни­ра­на­та со­ци­јал­де­мо­крат­ска ву­ду-ре­ли­ги­ја мо­же да ожи­вее и мр­тва пар­ти­ја. Ма­ѓепс­нич­ки­те ква­ли­те­ти на Ја­не­ва се по­ка­жаа ка­ко уто­пи­ја, па се­га си­те на­де­жи се по­ла­га­ат во зом­би­ја­та, кои, пак, се кон­тро­ли­ра­ат са­мо од стра­на на бо­кор би­деј­ќи тие не се во со­стој­ба свес­но да до­не­су­ва­ат од­лу­ки. Во на­ши­от слу­чај, бо­ко­рот ја ме­ну­ва уло­га­та. Де За­ев, де Со­рос. Во рам­ки­те на за­пад­но­а­фри­кан­ска­та ву­ду-тра­ди­ци­ја по­стои астрал­но­то зом­би, дел од чо­ве­ко­ва­та душа за­ро­бен од бо­ко­рот што ја ко­ри­сти со цел да ја за­си­ли сво­ја­та моќ. Астрал­но­то зом­би во­о­би­ча­е­но се чу­ва во ши­ше, кое бо­ко­рот мо­же да им го про­да­де на сво­и­те кли­ен­ти ка­ко амај­ли­ја за сре­ќа, из­ле­ку­ва­ње од раз­лич­ни бо­ле­сти и ус­пех во ра­бо­та­та. За­ев, пак, ду­ша­та на сво­и­те зом­би­ја ја чу­ва во шест пап­ки со сни­ме­ни раз­го­во­ри. 1.050.000 на број. Не за­луд­но, за вре­ме на про­те­сти­те пред Уста­вен, тој гор­до нај­а­ви „Овие гра­ѓа­ни се ид­ни­на­та на РМ“. На­стра­на што, ка­ко и се­ко­гаш, ги по­де­ли гра­ѓа­ни­те на ва­ши и на на­ши, не­го­ви­от проб­лем е ре­а­лен и е ист ка­ко и тој во ву­ду-ре­ли­ги­ја­та, ка­де што по­стои ве­ру­ва­ње де­ка по не­кое вре­ме Бог ја зе­ма ду­ша­та на­зад и по­ра­ди тоа зом­би­то е при­вре­ме­но ду­хов­но би­тие. Исти­от вре­мен­ски проб­лем го има и СДСМ, кој е све­сен де­ка по из­бо­ри, ни­ту еден гра­ѓа­нин ве­ќе не­ма да му ве­ру­ва. Уште два и пол ме­се­ци ќе го зло­у­по­тре­бу­ва нив­но­то те­лес­но при­сус­тво на про­те­сти и на про­фи­ли­те на „Фејс­бук“ и на „Тви­тер“. По 5 ју­ни, сѐ е за­луд­но…

 

Општествени прошетки на зомбија во Македонија

Оп­штес­тве­ни­те прошетки на зом­би­ја­та ре­дов­но се одр­жу­ва­ат во не­кои зем­ји. По­не­ко­гаш се са­мо дел од на­дре­а­ли­стич­ка­та умет­ност, но че­сто се ко­ри­стат и ка­ко по­ли­тич­ки про­тест про­тив вла­сти­те. Во Ма­ке­до­ни­ја, пак, ги има се­ко­гаш ко­га СДСМ и нив­ни­те НВО ќе по­са­ка­ат да пре­диз­ви­ка­ат кри­за или, во кон­крет­ни­от слу­чај, од­ло­жу­ва­ње из­бо­ри.

Спе­ци­фи­ка на Ма­ке­до­ни­ја е и фа­ктот што се­ко­ја НВО си има свој бо­кор или вол­шеб­ник, чи­ја­што крај­на цел е да се прик­лу­чи кон зом­би-вр­ху­шка­та ло­ци­ра­на на „Па­вел Ша­тев“. Жи­ви, иа­ко зом­би-до­ка­зи за ка­жа­но­то се транс­фор­ма­ци­и­те на Нај­чев­ска, Ди­мо­ва, Ца­ров­ска, По­пов­ски, Аде­ми и на ред дру­ги ли­де­ри на НВО и де­жур­ни под­буц­ну­ва­чи, кои отка­ко си го одра­бо­ти­ја сво­е­то рас­кош­но си се вгнез­ди­ја во ра­ко­водс­тво­то на пар­ти­ја­та. Исто­то се од­не­су­ва на ду­зи­на „не­за­вис­ни“ су­штес­тва од но­ви­нар­ска­та фе­ла, кои до­би­ја и пра­те­нич­ки ман­да­ти и ра­ко­вод­ни функ­ции. Си­те до­бро одра­бо­ти­ле за пар­ти­ја­та за да ги зас­лу­жат при­до­би­вки­те. Ха­ит­ско-кре­ол­ски­от тер­мин „зом­би“ фи­гу­ра­тив­но се ко­ри­сти за да се оз­на­чи чо­век под хипноза, не­све­сен, но кој, се­пак, мо­же да се дви­жи и да ре­а­ги­ра на над­во­реш­ни­те драз­би. Ако мо­же да оди на про­те­сти, уште по­до­бро… Ова е и ос­нов­на­та ми­си­ја на ма­ке­дон­ски­те фи­ли­ја­ли на зом­би-НВО, кои за­ед­но со ме­ди­ум­ски­те род­ни­ни, ју­риш­нич­ки ра­бо­тат на пер­е­ње­то мо­зо­ци и на соз­да­ва­ње­то на гр­да­та сли­ка за др­жа­ва­та. Па кој ја ку­пи – ку­пи, кој не – здрав­је. Се­ко­ја при­до­би­е­на ду­ша зна­чи и по­го­ле­ма шан­са за ле­зет од пар­ти­ска­та по­га­ча. Во нај­ма­ла ра­ка, ќе ве вра­бо­тат ка­ко ми­ни­стер, со­вет­ник во МВР без ни­ка­ква ква­ли­фи­ка­ци­ја или, уште по­до­бро – ди­ре­ктор на Дом за до­ен­чи­ња. Ба­рем до 5 ју­ни 2016 го­ди­на…

 

analiza185-3

Трамвајот наречен желба за одложување избори

Жел­ба­та на вр­ху­шка­та на пар­ти­ја­та, иа­ко те­шко ос­твар­ли­ва, е ед­но­став­на и се ви­ка од­ло­жу­ва­ње из­бо­ри. За да ја ос­тва­рат сво­ја­та по­тре­ба , пак, им тре­ба под­др­шка, но и ка­муф­ла­жа де­ка не се ра­бо­ти за пу­сто од­ло­жу­ва­ње. За тоа им тре­ба при­чи­на што ќе им ја про­да­дат ба­рем на сво­и­те гла­са­чи – за тие, ка­ко и се­ко­гаш, да одра­бо­тат за нив. Де­нес ќе би­де Устав­ни­от суд, утре Ста­вре­ски ќе тро­шел мно­гу па­ри, за­ду­тре Ива­нов бил лош со еми­гран­ти­те, пре­ку­тре… И та­ка до не­дог­лед, или до од­ло­жу­ва­ње. А за ре­а­ли­за­ци­ја ви тре­ба жи­во ме­со за про­те­сти, чи­и­што ду­ши тре­ба да ги ин­фи­ци­ра­те со лаж­ни сом­не­жи и при­чи­ни за из­ле­гу­ва­ње на ули­ца. Ве­ро­јат­но, не е лес­но да има­те цел истре­бу­ва­ње на по­ли­тич­ка кон­сте­ла­ци­ја, осо­бе­но ко­га таа со пол­на па­реа ра­бо­ти за по­до­бру­ва­ње на ус­ло­ви­те за жи­вот на сопс­тве­на­та на­ци­ја. И ту­ка си се те­ши­те со па­ра­ле­ла и со при­мер во свет­ски­те трен­до­ви. Ма­кар филм­ски, не­ли…

Не за­луд­но, зом­би-фан­та­сти­ка­та во мо­мен­тов прет­ста­ву­ва ва­жен хо­рор-жанр, кој се за­ни­ма­ва со истре­бу­ва­ње­то на ци­ви­ли­за­ци­ја­та. Се­ко­гаш, мно­зинс­тво­то се пре­тва­ра во зом­би. Чу­до­ви­шта­та, ка­ко и одре­де­ни ли­де­ри, нај­че­сто се кр­во­лоч­но жед­ни по чо­веч­ко ме­со, но осо­бе­но оми­лен им е чо­ве­ко­ви­от мо­зок. Спо­ред ова, осо­бе­но со мо­зо­ци­те, јас­но е де­ка опо­зи­ци­ски­те стра­те­зи, очиг­лед­но, се оду­ше­ве­ни од зом­би-иде­о­ло­ги­ја­та. По­не­ко­гаш, пак, са­ми­те зом­би­ја се жр­тви на из­мис­ле­на пандемска болест, ко­ја ги во­скрес­ну­ва мр­тви­те или ги при­ну­ду­ва жи­ви­те да се од­не­су­ва­ат на тој на­чин, но нај­че­сто при­чи­на­та по­ра­ди ко­ја на­ста­на­ла бо­ле­ста не е да­де­на во при­каз­на­та. И ов­де, па­ра­ле­ла­та со дејс­тву­ва­ње­то на ју­риш­ни­ци­те на СДСМ е по­ве­ќе од очиг­лед­на. По пра­ви­ло, ви­сти­на­та се­ко­гаш се из­вр­ту­ва, а ре­ал­на­та при­чи­на зо­што се про­те­сти­ра отсус­тву­ва од опо­зи­ци­ска­та при­ка­ска. Има­те са­мо лаж­ни, ед­но­стра­ни тол­ку­ва­ња смис­ле­ни во пар­ти­ска­та куј­на. Че­сто, кон­ку­рен­ци­ја на ку­ли­на­ри­те од СДСМ се га­стро­но­ми­те од фи­ли­ја­ли­те на Со­рос, кои да­ва­ат се­ри­о­зен при­до­нес во гр­ди­от вкус на зом­би­фи­ка­ци­ја­та на ко­неч­ни­от про­из­вод. Истра­жу­ва­чи­те на по­тек­ло­то на при­ка­ска­та за зом­би-ефе­ктот кај лу­ѓе­то нај­че­сто од­не­су­ва­ње­то на бо­жем­ни­те зом­би­ја го по­вр­зу­ва­ат со упо­тре­ба­та на одре­де­ни пси­хо­троп­ни суп­стан­ции во ре­ги­о­ни­те од ка­де што из­вор­но по­тек­ну­ва ву­ду-кул­ту­ра­та. Во ма­ке­дон­ски­от слу­чај, де­фи­ни­тив­но не се ра­бо­ти за нер­во­то­кси­нот те­тро­до­ксин. Се­пак, учес­тво­то на суп­стан­ци­ја­та на ко­ја се ва­де­ше еден од об­ви­не­ти­те за на­па­дот врз по­ли­цај­ци на 5 мај 2016 го­ди­на, бе­ше очиг­лед­на кај екс­пре­тсе­да­те­лот на фон­да­ци­ја­та на Со­рос на 15 март го­ди­на­ва, а нај­из­ви­ка­но­то но­ви­нар­ско че­до на про­те­сти­те, без раз­ли­ка што е без еден ден но­ви­нар­ско искус­тво во се­бе и по­се­ду­ва па­ро­ним на еги­пет­ски бог, е поз­на­то по упо­тре­ба­та на ка­на­би­сот. Мо­же­би, се­пак, те­о­ри­ја­та за на­ста­но­кот на зом­би­ја­та на хар­вард­ски­от ет­но­бо­та­ни­чар Вејд Деј­вис др­жи са­мо за дел од ли­де­ри­те на НВО, 75 на број, кои не­ко­гаш ко­га СДСМ ќе дој­де на власт не ќе мо­жат да се на­ре­ку­ва­ат нев­ла­ди­ни…

 


Каракамишева – Јовановска:
Според обредниот карактер на фазата, крајот им е се поблиску

Tanja-Karakamiseva-analizaПро­те­сти­те се за­дол­жи­тел­на, а во пос­лед­но вре­ме и единс­тве­на ала­тка на по­ли­тич­ко дејс­тву­ва­ње на СДСМ, ве­ли проф. д-р Та­ња Ка­ра­ка­ми­ше­ва – Јо­ва­нов­ска од Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је, спо­ред ко­ја, во не­до­стиг на па­мет­ни и, за гра­ѓа­ни­те, по­треб­ни про­е­кти, ре­ше­ни­ја, идеи и на­со­ки за по­до­бар и за по­ква­ли­те­тен жи­вот, СДСМ го од­би­ра од гра­ѓа­ни­те нај­мал­ку по­са­ку­ва­но­то сце­на­рио на по­ли­тич­ко дејс­тву­ва­ње – ис­пол­не­то са­мо со про­те­сти, де­ста­би­ли­за­ци­ја, не­ми­ри, ин­сти­ту­ци­о­на­лен и гра­ѓан­ски линч, од­маз­до­љу­би­вост, омра­за, ла­ги, ма­ни­пу­ла­ции, де­зин­фор­ма­ции итн.

Каракамишева – Јовановска: Овие еле­мен­ти им се за­ме­на на тоа што го ба­ра­ат гра­ѓа­ни­те од нив, а што тие ни­ка­ко не го пра­ват – ква­ли­тет­на по­ли­тич­ка и еко­ном­ска по­ну­да и про­гра­ма. Во не­до­стиг од ква­ли­те­тен ка­дар, во не­до­стиг од идеи и про­ек­ции, ви­зии и за­мис­ли за раз­вој и за уна­пре­ду­ва­ње на др­жа­ва­та и на стан­дар­дот на гра­ѓа­ни­те, СДСМ е фо­ку­си­ран на ме­ре­ње ули­ци за про­те­сти и на бр­ка­ње лу­ѓе од ра­бо­та. Од дру­га стра­на, ра­ко­водс­тво­то на СДСМ по­ка­жу­ва ини­ци­ја­ти­ва и за ед­на дру­га актив­ност по­вр­за­на со вне­су­ва­ње но­ви ре­ли­ги­оз­ни обре­ди и ри­ту­а­ли во по­ли­ти­ка­та. Про­те­стот што го одр­жаа пред Устав­ни­от суд го за­вр­ши­ја со пол­ноќ­но бде­е­ње, де­мек за спас на Уста­вот и на ма­ке­дон­ски­от уста­вен по­ре­док. Пар­ти­ја­та што две го­ди­ни нај­бру­тал­но ги га­зи те­мел­ни­те вред­но­сти на устав­ни­от по­ре­док, пар­ти­ја­та што се­којд­нев­но се мај­та­пи и пра­ви ше­ги на сме­тка на чо­ве­ко­ви­те сло­бо­ди и пра­ва на не­кол­ку ил­јад­ни­ци ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни, пар­ти­ја­та што во нај­бру­тал­на фор­ма ги по­тко­пу­ва те­ме­ли­те на ма­ке­дон­ски­те устав­ни ин­сти­ту­ции, и што на се­ка­ков мо­жен на­чин се ше­гу­ва со ме­ѓу­на­род­ни­от уг­лед на др­жа­ва­та, се­га, ви­ди те мо­лам, ќе бде­е­ла де­мек за во­скрес­ну­ва­ње на сѐ што до се­га по­га­зи и уни­шти. Ама пред да се слу­чи фа­моз­но­то бде­е­ње, иде­ја­та им би­ла пр­во мал­ку да проб­ла­да­ат пред по­ли­тич­ки­те ин­сти­ту­ции што ги по­га­зи­ја, спо­ред ре­дос­ле­дот по кој поч­на нив­но­то ури­ва­ње (Вла­да, Со­бра­ние, Уста­вен суд). Кра­јот на пар­ти­ско­то бла­да­ње се слу­чи пред Устав­ни­от суд ка­де што бла­да­ње­то го кон­вер­ти­раа во ри­ту­ал­но бде­е­ње. Ма­ке­дон­ска­та со­ци­јал­де­мо­кра­ти­ја, во сво­ја­та комп­лет­на по­ли­тич­ко-иде­о­ло­шка де­зо­ри­ен­ти­ра­ност и це­лос­на за­ма­е­ност, поч­ну­ва нов про­цес на про­мо­ви­ра­ње на ре­ли­ги­оз­ни­те обре­ди за по­ли­тич­ки це­ли.

Спо­ред ре­ли­ги­оз­на­та обо­е­ност и обред­ни­от ка­ра­ктер на фа­за­та, кра­јот им е сѐ поб­ли­ску. Се чи­ни де­ка се со­се­ма на крај да из­ди­шат и да се транс­фор­ми­ра­ат во зом­би-пар­ти­ја. Бде­е­ње­то е пар­ти­ска сим­бо­ли­ка на со­стој­ба­та во ко­ја се на­о­ѓа нив­ни­от ум и нив­ни­от дух. Ме­сто зре­ла ак­ци­ја и пар­ти­ска про­гра­ма со ра­ци­о­нал­ни и из­др­жа­ни ре­ше­ни­ја, СДСМ им ну­ди на гра­ѓа­ни­те зом­би-по­ли­ти­ка. Ме­сто по­ли­тич­ки, еко­ном­ски и со­ци­јал­ни идеи и ви­зии за про­грес на др­жа­ва­та и на гра­ѓа­ни­те, СДСМ ре­ши да ну­ди ква­зи-ус­пе­ни­ја, бес­мис­ле­ни по­ли­тич­ки псал­ми, и над­гро­бен по­ли­тич­ки жи­вот. Оваа по­вр­за­ност на ра­ко­вод­на­та стру­кту­ра на СДСМ со бде­е­ње­то ка­ко вид ре­ли­ги­о­зен обред е во тес­на вр­ска со пси­хо­ло­шка­та со­стој­ба во ко­ја се на­о­ѓа чо­век пред да умре. Бол­ни­от чо­век пред да се со­о­чи со смрт­та од­не­на­деж до­би­ва го­ле­ма енер­ги­ја, ко­ја се­ко­гаш е лаж­на, но, се­пак, му да­ва ку­раж де­ка мо­жат да се слу­чат чу­да. Чо­ве­кот вле­гу­ва во на­деж на оз­дра­ву­ва­ње и на про­дол­жу­ва­ње со жи­во­тот. Иа­ко таа енер­ги­ја трае ре­ла­тив­но кра­тко, чо­ве­кот оста­ва впе­ча­ток де­ка е по­до­бро и де­ка мо­же да функ­ци­о­ни­ра нор­мал­но. За жал, поб­ли­ско­то се­мејс­тво ја знае ви­сти­на­та. Знае де­ка тоа е пос­лед­на­та си­ла на ду­ша­та, ко­ја мно­гу бр­зо ќе ис­чез­не, по што сле­ду­ва ви­стин­ски­от крај. Та­ка е и со ра­ко­водс­тво­то на СДСМ. И тоа е свес­но де­ка по­ли­тич­ки­от крај им е пред пор­ти, по­ра­ди што со пос­лед­ни­те ато­ми енер­ги­ја, претс­мрт­но, ре­ша­ва­ат да се прик­лу­чат кон про­цес што и са­ми­те се свес­ни де­ка не­ма ни­ка­ква здра­во­ра­зум­на ло­ги­ка. Но, тоа е пос­лед­на­та енер­ги­ја на ова ра­ко­водс­тво. По неј­зи­но­то ка­на­ли­зи­ра­ње во ри­ту­ал­но­то бде­е­ње, при­род­но ќе за­ми­не во исто­ри­ја­та ка­ко ис­пу­ште­на ду­ша. Мо­ра да се из­др­жи и оваа игра на це­лос­но ко­ла­би­ра­но­то ра­ко­водс­тво на СДСМ. Не тре­ба да се пад­не на нив­ни­те пос­лед­ни про­во­ка­ции. Тре­ба мир­но и до­сто­инс­тве­но да се ис­пра­ти ду­ша­та на по­кој­ни­кот.

 

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 185. број на неделникот „Република“, 18.03.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top