| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени уште четири илегални емигранти кај Демир Капија

emigranti

Полицајци запреле „мерцедес“ кај клучката за Демир Капија и внатре откриле тројца сомалиски и еден државјанин на Того кои патувале за Унгарија.

Според полицијата, околу 1 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, кај клучката за Демир Капија, од страна на полициски службеници е извршена контрола во ПМВ „мерцедес“, управуван од Н.Н.(25) од Велес, во кое се затекнати четворица странски државјани (тројца сомалиски и еден државјанин од Того) без документи за идентификација, кои илегално влегле од Р. Грција, а имале намера да заминат во Унгарија, а понатаму во земјите од Европската унија. Лицата се приведени во ПС Неготино за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top