
Полицајци запреле „мерцедес“ кај клучката за Демир Капија и внатре откриле тројца сомалиски и еден државјанин на Того кои патувале за Унгарија.
Според полицијата, околу 1 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, кај клучката за Демир Капија, од страна на полициски службеници е извршена контрола во ПМВ „мерцедес“, управуван од Н.Н.(25) од Велес, во кое се затекнати четворица странски државјани (тројца сомалиски и еден државјанин од Того) без документи за идентификација, кои илегално влегле од Р. Грција, а имале намера да заминат во Унгарија, а понатаму во земјите од Европската унија. Лицата се приведени во ПС Неготино за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти


