
Постар битолчанец бил претепан од двајца засега непознати насилници, само затоа што им рекол дека поминале на улица кога на семафорот светело црвеното светло.
Според битолската полиција, вчера околу 14 часот во Битола, на улица Филип Втори Македонски, М.П.(65) од Битола, управувајќи со автомобил „сеат тера“, забележал дека две непознати лица кои се движеле со моторцикал поминале на црвено светло на семафорот.
М.П. им посочил на лицата за наведеното, при што едно од нив му пришло и низ отворениот прозор го удрило со тупаница во пределот на главата. Откако М.П. излегол од возилото, лицето продолжило да го удира во пределот на ребрата, по што со другото лице го напуштиле местото. На М.П. му била укажана лекарска помош во Клиничка болница – Битола, каде што му е утврдена тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


