| четврток, 6 декември 2018 |

Голема полициска акција за расчистување на „Фабриката за афери“

По наредба на Основниот суд Скопје 1 Скопје, полицијата утринава започна обемна акција за документирање на сомненијата против сите инволвирани во „Фабриката за афери“ на Захир Бекири – Чауш член на СДСМ, кај кого беа откриени 70.000 прислушувани разговори и десетици фалсификувани лично карти, но и лични податоци за стотина илјади луѓе, пишува „Прес 24.“

Според информациите на Прес 24, со наредба на судот извршени се претреси на седум локации во Скопје.

На една од локациите е пронајден уште еден тврд диск, кој ќе биде предмет на дополнителна проверка за да се утврди дали Захир Бекири – Чауш и неговите соработници и на него чувале приватни разговори со намера да уценуваат бизнисмени и личности од јавниот живот. Дискот, според извори од истрагата, бил пронајден сокриен во душек во еден од домовите на осомничените.

Захир Бекири – Чауш е првоосомничен во фабриката за афери на СДСМ. Тој се сомничи дека е одговрен за фабрикувањето на аферите со „фалсификуваните пасоши“ и „фалсификуваните лични карти“. Според истрагата, тој печател документи и потоа им ги предавал на медиумите блиски до опозицијата за да можат тие подоцна да фабрикуваат афери со кои ќе влијаат на јавноста и ќе работат за намалување на рејтингот на владејачката партија.

Захир Бекири – Чауш важи за истакнат член на СДСМ. Тоа не го сокри ниту лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но откако излезе слика од нив двајцата во кабинетот на Бихаќка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top