Во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од утре 25 март 2016 година, ќе читате:
СЈО со закана до институциите
Катица во јуриш за уривање на македонската држава
Најновиот скандалозен испад на специјалната обвинителка Катица Јанева во кој ги погази сите институции на државата покажа дека нејзиното поставување на функцијата (предлог наметнат од меѓународните посредници) воопшто не е во насока за спроведување легална истрага и расчистување на аферата со прислушувањето, туку е со задача да ја преземе улогата на Заев во сценариото за тотално разнебитување на државата. Јанева останува последен адут на Заев не само да се спаси од избори туку и од затвор, па затоа обвинителката е подготвена да оди до крај во растурањето на државата во обид да го одбрани обвинетиот.
Интервју, Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ
Ако нема избори на 5 јуни граѓаните ќе излезат на улица
Очекувам, во спротивно, тензиите се големи и граѓаните ќе излезат на улица. Избори мора да има, никој повеќе не може да калкулира. Сите маски, сите лаги паднаа во вода, видовме дека од 500.000, па на 150.000, се спуштивме на 89.000 гласачи кои треба да се проверуваат, мислам дека веќе нема каде да бегаат и да одлагаат сите оние што одлагаа со избирачкиот список. Јас од пред месец и половина знам дека проблематични ќе бидат околу 86-87 илјади. Тие со носот забиен во избирачкиот список дојдоа до истата бројка, па зошто овие пет месеци се тресеше државата за нешто што приближно сите го знаевме? Избирачите што ќе ги проверуваат се главно од албанска националност, вели лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски во интервју за неделникот Република.
Опозициски илузии
Паничен лов на фантоми за спас од избори
Благодарение на нивните неинвентивни медиумски стратези, државата сега се соочува со имагинарен наплив на сефте измислени ликови. Нова илузија на јуришниците, но уште една за внатрешна употреба. За нивна жал, едно од значењата на поимот фантом е токму илузијата. Нашиве извртувачи спонзорирани од странски фондови, можеби, и се мајстори на илузијата, но сигурно не во Македонија. Од друга страна, неприспособеноста на пристапот кон ова поднебје и народ ве наведува на мисла – дали стратезите познати по квалитативот целосна мрзливост и овој пат само буквално препишале нечиј труд, или, сепак, поверојатно – фамозниот надворешен „чадор“ ја диктира и тактиката на СДСМ? Како и да е, нова „статива“. Нарачана небулоза за фантоми во земја од два милиона жители, каде кога одите на гласање знаете барем тројца од членовите на избирачкиот одбор?! А и тие вас. Проблем, ама голем. Едноставно, прикаска за земја во која фантомите не минуваат…
И Балканот е цел
Париз, Брисел… кој е следен?
Еден од главните параметри според кои Брисел бил на врвот на европските главни градови во кои се можни терористички напади е бројот на луѓе што заминале да се борат за Исламската држава во Ирак и во Сирија. На листата на европски држави од каде што се регрутирани новопечени религиозни фанатици кои во името на Алах детонираат бомби од кои гинат цивили, Кралството Беглија е на прво место.
Меѓународниот центар за проучување на радикализација и политичко насилство (ИЦСР) со години ги следи миграциите на радикализирани Европејци во редовите на радикалните исламски структури во Сирија и во Ирак. Според извештаите на ИЦСР, Европа е најголем извор на вакви лица за борци на Блискиот Исток, а Белгија со своите 11 милиони жители според бројот на борци по глава на жител убедливо води на листата на членки на ЕУ од каде што се заминува во ИСИС.
Нова мотивација за платениците на Сорос
За медиумите на СДСМ 3,6 милиони долари
Покрај вртоглавите милионски суми пари кои секоја година се влеваат од буџетите на медиумите блиски до СДСМ, УСАИД објави нов повик за дополнителни три милиони долари. Тој трае до месец мај и ќе претставува значителна финансиска инјекција за медиумите на СДСМ. Агенцијата за меѓународен развој УСАИД, која е еден од донаторите на Фондацијата отворено општество на Џорџ Сорос, објави повици за грантови кои се однесуваат на Македонија. Во услови кога самиот СДСМ ја проблематизира и ја скандализира распределбата на државни пари за медиумите за реклами и за кампањи, тие ништо немаат против милионите на Сорос и на УСАИД. Овие две организации најчесто делат заеднички проекти и распределуваат пари. Многу веројатно, овие пари ќе завршат кај едни исти медиуми блиски до СДСМ, кои предничат во печатењето на текстови против Владата, во неаргументирано критикување и водење валкана кампања.
ВМРО-ДПМНЕ со отчет пред граѓаните
3.500 проекти за подобро утре
Реализирани проекти, спроведени реформи, конкретни мерки и дела – ВМРО-ДПМНЕ даде отчет за тоа што го има сработено за време на своето досегашно владеење. Велат зад ВМРО-ДПМНЕ стојат проекти, наспроти деструкцијата, дивеењето и хаосот на опозицијата.
Што направи ВМРО-ДПМНЕ за време на својот мандат? Одговорот беше даден на маратонскиот отчет на партијата пред 10 илјади публика и стотици илјади што можеа да го следат настанот на интернет.
– Ветеното, сработеното и отчетот, посветената работа за подобрување на животот на граѓаните и исполнувањето на ветениот збор нè прават поинакви од другите. Ете тоа нè прави поинакви од другите. Вредноста во политиката не треба да биде тоа што ќе го кажат политичарите, туку тоа што ќе го направат тие за народот, за граѓаните, за државата. Делата треба да зборуваат за нас, а не нашите зборови. Дадениот збор за нас во ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ претставува завет пред нашите граѓани, а токму делата сведочат за тоа – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во обраќањето на презентацијата на отчетот за сработеното во изминатите години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст