| четврток, 6 декември 2018 |

Катица во јуриш за уривање на македонската држава

n186-katica-janeva-dinamit-1

Во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од утре 25 март 2016 година, ќе читате:

 

СЈО со закана до институциите

Катица во јуриш за уривање на македонската држава

Најновиот скандалозен испад на специјалната обвинителка Катица Јанева во кој ги погази сите институции на државата покажа дека нејзиното поставување на функцијата (предлог наметнат од меѓународните посредници) воопшто не е во насока за спроведување легална истрага и расчистување на аферата со прислушувањето, туку е со задача да ја преземе улогата на Заев во сценариото за тотално разнебитување на државата. Јанева останува последен адут на Заев не само да се спаси од избори туку и од затвор, па затоа обвинителката е подготвена да оди до крај во растурањето на државата во обид да го одбрани обвинетиот.

 

 

Интервју, Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ

Ако нема избори на 5 јуни граѓаните ќе излезат на улица

Очекувам, во спротивно, тензиите се големи и граѓаните ќе излезат на улица. Избори мора да има, никој повеќе не може да калкулира. Сите маски, сите лаги паднаа во вода, видовме дека од 500.000, па на 150.000, се спуштивме на 89.000 гласачи кои треба да се проверуваат, мислам дека веќе нема каде да бегаат и да одлагаат сите оние што одлагаа со избирачкиот список. Јас од пред месец и половина знам дека проблематични ќе бидат околу 86-87 илјади. Тие со носот забиен во избирачкиот список дојдоа до истата бројка, па зошто овие пет месеци се тресеше државата за нешто што приближно сите го знаевме? Избирачите што ќе ги проверуваат се главно од албанска националност, вели лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски во интервју за неделникот Република.

 

Опо­зи­ци­ски илузии

Паничен лов на фантоми за спас од избори

Бла­го­да­ре­ние на нив­ни­те не­ин­вен­тив­ни ме­ди­ум­ски стра­те­зи, др­жа­ва­та се­га се со­о­чу­ва со има­ги­на­рен нап­лив на се­фте из­мис­ле­ни ли­ко­ви. Но­ва илу­зи­ја на ју­риш­ни­ци­те, но уште ед­на за вна­треш­на упо­тре­ба. За нив­на жал, ед­но од зна­че­ња­та на по­и­мот фан­том е ток­му илу­зи­ја­та. На­ши­ве из­вр­ту­ва­чи спон­зо­ри­ра­ни од стран­ски фон­до­ви, мо­же­би, и се мај­сто­ри на илу­зи­ја­та, но си­гур­но не во Ма­ке­до­ни­ја. Од дру­га стра­на, не­прис­по­со­бе­но­ста на при­ста­пот кон ова под­неб­је и на­род  ве на­ве­ду­ва на мис­ла – да­ли стра­те­зи­те поз­на­ти по ква­ли­та­ти­вот це­лос­на мрз­ли­вост и овој пат са­мо бу­квал­но пре­пи­ша­ле не­чиј труд, или, се­пак, по­ве­ро­јат­но – фа­моз­ни­от над­во­ре­шен „ча­дор“ ја ди­кти­ра и та­кти­ка­та на СДСМ? Ка­ко и да е, но­ва „ста­ти­ва“. На­ра­ча­на не­бу­ло­за за фан­то­ми во зем­ја од два ми­ли­о­на жи­те­ли, ка­де ко­га оди­те на гла­са­ње зна­е­те ба­рем трој­ца од чле­но­ви­те на из­би­рач­ки­от од­бор?! А и тие вас. Проб­лем, ама го­лем. Ед­но­став­но, при­ка­ска за зем­ја во ко­ја фан­то­ми­те не ми­ну­ва­ат…

 

И Балканот е цел

Париз, Брисел… кој е следен?

Еден од главните параметри според кои Брисел бил на врвот на европските главни градови во кои се можни терористички напади е бројот на луѓе што заминале да се борат за Исламската држава во Ирак и во Сирија. На листата на европски држави од каде што се регрутирани новопечени религиозни фанатици кои во името на Алах детонираат бомби од кои гинат цивили, Кралството Беглија е на прво место.

Меѓународниот центар за проучување на радикализација и политичко насилство (ИЦСР) со години ги следи миграциите на радикализирани Европејци во редовите на радикалните исламски структури во Сирија и во Ирак. Според извештаите на ИЦСР, Европа е најголем извор на вакви лица за борци на Блискиот Исток, а Белгија со своите 11 милиони жители според бројот на борци по глава на жител убедливо води на листата на членки на ЕУ од каде што се заминува во ИСИС.

 

Нова мотивација за платениците на Сорос

За медиумите на СДСМ 3,6 милиони долари

Покрај вртоглавите милионски суми пари кои секоја година се влеваат од буџетите на медиумите блиски до СДСМ, УСАИД објави нов повик за дополнителни три милиони долари. Тој трае до месец мај и ќе претставува значителна финансиска инјекција за медиумите на СДСМ. Агенцијата за меѓународен развој УСАИД, која е еден од донаторите на Фондацијата отворено општество на Џорџ Сорос, објави повици за грантови кои се однесуваат на Македонија. Во услови кога самиот СДСМ ја проблематизира и ја скандализира распределбата на државни пари за медиумите за реклами и за кампањи, тие ништо немаат против милионите на Сорос и на УСАИД. Овие две организации најчесто делат заеднички проекти и распределуваат пари. Многу веројатно, овие пари ќе завршат кај едни исти медиуми блиски до СДСМ, кои предничат во печатењето на текстови против Владата, во неаргументирано критикување и водење валкана кампања.

 

ВМРО-ДПМНЕ со отчет пред граѓаните

3.500 проекти за подобро утре

 Ре­а­ли­зи­ра­ни про­е­кти, спро­ве­де­ни ре­фор­ми, кон­крет­ни мер­ки и де­ла – ВМРО-ДПМНЕ да­де от­чет за тоа што го има сра­бо­те­но за вре­ме на сво­е­то до­се­гаш­но вла­де­е­ње. Ве­лат зад ВМРО-ДПМНЕ сто­јат про­е­кти, нас­про­ти де­струк­ци­ја­та, ди­ве­е­ње­то и ха­о­сот на опо­зи­ци­ја­та.

Што на­пра­ви ВМРО-ДПМНЕ за вре­ме на сво­јот ман­дат? Од­го­во­рот бе­ше да­ден на ма­ра­тон­ски­от от­чет на пар­ти­ја­та пред 10 ил­ја­ди пуб­ли­ка и сто­ти­ци ил­ја­ди што мо­жеа да го сле­дат на­ста­нот на ин­тер­нет.

– Ве­те­но­то, сра­бо­те­но­то и от­че­тот, по­све­те­на­та ра­бо­та за по­до­бру­ва­ње на жи­во­тот на гра­ѓа­ни­те и ис­пол­ну­ва­ње­то на ве­те­ни­от збор нè пра­ват по­и­на­кви од дру­ги­те. Ете тоа нè пра­ви по­и­на­кви од дру­ги­те. Вред­но­ста во по­ли­ти­ка­та не тре­ба да би­де тоа што ќе го ка­жат по­ли­ти­ча­ри­те, ту­ку тоа што ќе го на­пра­ват тие за на­ро­дот, за гра­ѓа­ни­те, за др­жа­ва­та. Де­ла­та тре­ба да збо­ру­ва­ат за нас, а не на­ши­те збо­ро­ви. Да­де­ни­от збор за нас во ВМРО-ДПМНЕ и Ко­а­ли­ци­ја­та „За по­до­бра Ма­ке­до­ни­ја“ прет­ста­ву­ва за­вет пред на­ши­те гра­ѓа­ни, а ток­му де­ла­та све­до­чат за тоа – по­ра­ча ли­де­рот на ВМРО-ДПМНЕ, Ни­ко­ла Гру­ев­ски, во обра­ќа­ње­то на пре­зен­та­ци­ја­та на от­че­тот за сра­бо­те­но­то во из­ми­на­ти­те го­ди­ни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top