| четврток, 6 декември 2018 |

Почнаа проблемите: Владо Георгиев одбива да се ожени за мајката на неговото дете

Наспроти тоа што за пет месеци ќе му роди дете, Владо не сака да се ожени за Милица.

vladogeorgievp

Веста дека Владо Георгиев ќе стане татко одекна како бомба. Меѓутоа и покрај тоа што очекува принова, заколнатиот ерген, како што се чини, има во план тоа и да остане. Тој на своето семејство и на пријателите им соопштил дека нема намера да се ожени за Милица Самарџија со која чека дете.

владо имилица

-Прво што сите го прашаа кога среќната вест ја споделил со најблиските е кога ќе биде свадбата. Владо на сите им одговорил:„Бебето едвај го чекам, но нема да има свадба“. Им објаснил дека не верува во бракот како институција, дека хартијата ништо не му значи и дека токму поради тоа нема да има венчавка. На бебето му се радува и едвај чека да го дознае полот, но за венчавка не размислува – зборува извор близок до кантавторот.

hello-mondo-stefan-stojanovic-37

За толку е одлучен во својата намера да не дојде до венчавка зборува и фактот дека дури ниту неговата мајка не можела да го наговори да се ожени за Милица. Секако, ниту семејството на Милица не се согласува со ваквата одлука, но засега единствено им е важно таа добро да ја изнесе бременоста, пишуваат регионалните медиуми.

milica-samardzija

Милица и Владо сѐ уште не почнале ниту заеднички живот, па засега престојуваат  на две адреси, тој во неговиот стан, а таа кај нејзините родители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top