| четврток, 6 декември 2018 |

Се склопуваат коцките: Иста терористичка ќелија ги нападнала и Брисел и Париз (фото)

Врз основа на наодите од истрагата, „Си-Ен-Ен“ направил шема на која ја претставува поврзаноста на терористите што кон крајот на минатата година извеле напад во Париз каде што убиле околу 130 луѓе и сега во Брисел.

Teroristicki-620x350

Централаната личност на ќелијата што ги нападнала Париз и Брисел е Салах Абдеслам, главниот организатор на терористичките напади во Париз, уапсен во Брисел. Со него се поврзани и Наџим Лахрауи, за кој се знае дека учествувал во бомбашките напади во Париз и дека се разнел во самоубиствен напад на бриселскиот аеродром, како и браќата Ел Бакрауи, кои ги извеле нападите на аеродромот во Брисел (Ибрахим) и во метро (Калид).

Во истата терористичка ќелија се и Мохамед Белкаид, убиен минатата недела во рација во Брисел, Мохамед Бакали, еден од планерите на нападите во Париз, Мохамед Абрини, кој го донел Абдеслам во Париз и уште двајца: Хамза Ату и Мохамед Амри, кои го изнеле Абдеслам од Париз.

brisel-teroristicki-napad-teroristicka-celija-foto-printscreen-cnn-1458809581-871125

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top