Незаконско дивеење на Катица Јанева во централен регистар.Специјалната јавна обвинителка, барем според информациите, го излажала судот дека нема одговор од институцијата во законскиот рок и побарала претрес, се јавувала по медиуми и дефилирала полиција во празна институција надвор од работно време кога немало никој таму.
Катица Јанева излажала дека имало анонимен повик и дека наводно се ништеле документи. Во јавноста беше поставено прашањето – како може да се ништат кога централниот регистар е компјутеризиран и досега не се чуло ни видело да се упаѓа во државна институција на ваков начин.
Очевидци говорат за хистеричен и крајно невообичаен и агресивен однос на обвинителите, во ситуација кога немало никого, ниту пак некој очекувал.
Институцијата одговорила на време, односно поставила согласно закон прашања до СЈО, а Јанева го излажала судот дека нема одговор, што претставува сторено кривично дело, но исто така и уште еден доказ за нејзиниот однос кон државата и институциите. Централниот регистар нема никаква можност да сокрие било што, а дури и да имало основ за претрес досега невиден преседан е упад во институција навечер кога нема никој.
СЈО вели дека добиле дојава дека некој уништувал документи, а кога дошле на местото немало жив човек, што претставува уште една лага на специјалното обвинителство. Експертите велат дека вакви испади и неурамнотежени чекори не се паметат ниту од времето на комунизмот и дека Јанева покажува голем недостаток на професионален капацитет и интегритет.
Експертите се чудат и се прашуваат до кај ќе оди ова веќе јасно нејзино самоволие и очигледно политичко партиско делување без никакви правни аргументи и спротивно на закон.
Вака се однесува и нејзиниот налогодавач Заев кого постојат низа примери на деструкција, агресија и непочитување на институции. Катица Јанева и Зоран Заев се причината и последицата на кризата во државава и не е за џабе толку низок нивниот рејтинг односно огромната недовербата кон нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Министерот покрена постапка против романската обвинителка Ковеси, другарката на Катица
-
Катица Јанева: Покренуваме обвинение против пајакот
-
Скандалозна кражба на клуч за време на претресот на СЈО во домот на судијата Панчевски (видео)
-
Маневски: Треба да се избере професионален јавен обвинител, а не некој како Јанева