| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска и утре дожд, од сабота стабилизирање на времето

dozd

Најмногу дожд, 54 литри на метар квадратен, во изминатото деноноќие наврна во Пожар,  по што следат Пожаране со 25 литри, Берово со 24, Тетово и Виница со по 20 литри, Лазарополе, Ѓуриште и Маврово 18, информира Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Крива Паланка наврнале 17 литри дожд, во Струмица 16, 14 во Дебар, по 13 литри во Гевгелија и Ѓуриште, 12 во Битола, Крушево, Дојран, 10 Штип, 9 во Охрид и Скопје…

На повисоките планини, пак, е формирана снежна покривка.

Како што информира УХМР, времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне и особено во западните делови, каде на планините врнежите ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Температурата во интервал од 7 до 13 степени целзиусови. Во Скопје облачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер. Температура до осум степени целзиусови.

Утре ќе биде посвежо, во западните делови со услови за краткотраен дожд, а на планините со повремен снег. Од сабота следува период на стабилно време со утрински температури околу нулата, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top