Овој викенд, на 26 и 27 март, во Македонската опера и балет ќе се одржи новото издание на детскиот музички фестивал „Поточиња“. Како и секоја година, „Поточиња“ со игра и песна ќе ја најават пролетта. Организаторот „Пап продукција“ најавува многу забава и изненадувања за сите присутни.
Водител на фестивалот во маската на нотата „Поки” ќе биде македонскиот актер, Мартин Јордановски, веќе познат за детската публика.
Претставите се со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот, а билетите може да се набават на Билетарата на МОБ, Југотон, ½ Југотон и цвеќара Розе Веро 2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.