| четврток, 6 декември 2018 |

Како преку ноќ се збогати Катица Јанева?

Десетте прсти на Катица Јанева за половина година направиле два стана за нејзините синови, а нејзиниот имот дополнително ќе се зголемува со државни пари – вака прашана за нејзината имотна состојба одговори специјалната обвинителка на вчерашната прес-конференција.

Огромниот капитал е токму една од заедничките работи меѓу неа и опозицискиот лидер Зоран Заев. Јанева, која се збогати преку ноќ, вчера најави дека нејзиното богатење дополнитело ќе се зголемувало во следниот период.

Што се однесува до моите станови и мојот имот, сакам да ви кажам дека јас имам два стана на моите деца. Јас имам уште имот, од моите родители уште не сум наследила ништо, значи мојот имот уште ќе се зголемува, рече Јанева.

Весникот „Вечер“ неодамна пишуваше „Како се збогати Катица Јанева?“, односно специјалната обвинителка која на новата функција е нешто повеќе од шест месеци, за половина година купила два стана во Скопје за нејзините деца и еден автомобил. . Јанева преку ноќ се стекнува со два стана, па дури бараше и нов државен стан, бараше и буџет на СЈО вреден неколку милиони евра.

Минатата година, очигледно откако стапи на функција, бидејќи податоците ги немаше во анкетниот лист кој беше објавен веднаш по нејзиното стапување на функција, купила два стана во Скопје, едниот од 68 м/2, а другиот од 72 м/2 и ги пријавила како имот на нејзините деца. Купила и автомобил голф 4, исто така имот на деца, кој официјално стои дека го купила во 2014, но нејасно е зошто тогаш тој автомобил го нема во првиот анкетен лист кој беше објавен непосредно по нејзиното стапување на функција

Во деталниот преглед на нејзиниот имотен лист е наведено дека поседува моторно возило Ровер 45, а како имот на нејзиниот покоен сопруг стои моторно возило хингај, кое исто така го нема во првичниот анкетен лист. Претходно, Катица имала рено 5 кампус.

Во претходниот анкетен лист стоеја две куќи на име на нејзините родители – едната од 130 м/2 во Гевгелија, вредна 100.000 евра и другата во Смоквица, вредна 5.000 евра. Во најновиот анкетен лист пак на нејзино име стои куќа од 374 м/2 вредна 100.000 евра, која, како што е наведено, ја стекнала со наследство.
Откако стана специјален јавен обвинител, Катица си зела две кредитни картички: мастер голд со лимит од 2.500 евра, и американ експрес од Алфа банка со лимит од 3000 евра.
Во 2014 подигнала два кредити – едниот од речиси 60.000 евра, другиот од 27.000 евра, кои исто така од непознати причини ги нема во претходниот детален преглед, кој беше објавен минатата година во септември кога Катица беше избрана на функцијата специјален јавен обвинител. Минатата година, таа и нејзиниот сопруг зеле уште два кредити, едниот 30.000 евра, другиот во висина од 10.000 евра. Во најновиот анкетен лист објавен на официјалниот сајт на ДКСК, пишува дека Јанева има кредит од 660.000 денари земен во 2015 година со рок на отплата од 10 години, на име на нејзиниот брачен другар, кој инаку починал пред повеќе од две години.
На нејзино име пријавила плац од 263 квадратни метри во Конско вреден 1.000 евра и наследила земјоделско земјиште од 20.000 евра.

Катица доби 4 милиони евра!

На 27 јанаури Собранието на Република Македонија, истото она кое Јанева не го признава, а кое и даде легитимитет, со 64 гласа “за” и 1 воздржан ја усвои Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, со која се обезбедуваат средства за реализација на Финансискиот план на Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за 2016 година.

Експертите уште веднаш по назначувањето предупредија дека од Катица Јанева не треба да се очекува објективност бидејќи како што тогаш најавија, нејзината улога ќе биде само да ги заштити вистинските нарачатели и спроведувачи на прислушувањето на највисоките државни органи во Македонија и да одработи во корист на кампањата на СДСМ пред пролетните избори.

За својот ангажман Јанева немаше проблем да наплати над 4 милиони евра годишно народни пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top