Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ во петок, 25-ти март, ќе одржи целовечерниот концерт во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
На репертоар ќе бидат кореографиите Тешкото, Тресеница, Малешевка, Беломорски бисер, Драчевка како и бројни изведби на традиционални македонски песни.
Концертот е со почеток во 20 часот, а влезниците чинат 150 денари.
Ансамблот „Танец“ претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот. Овој ансамбл со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.