| четврток, 6 декември 2018 |

Пламенка Трајковска ќе одржи втор концерт на класична музика за деца

На 25 март во основното училиште „Живко Брајковски“ во Бутел 1 ќе се оддржи вториот концерт на класична музика наменети за деца во организација на „Пламенка Трајковска – мало камерни состави“…

Концертите насловени како „Гудачи квартет во наше мало” – Класика за деца ќе се одржат во неколку општини на главниот град, а целта е запознавање и доближување на класичната музика до децата.

Првиот концерт се оддржа во основното училиште „Лазо Ангеловски“ и на истиот присуствуваа повеќе од 500 деца на возраст од 7 до 14 години. Концерот помина во фантастична атмосфера, а децата вистински уживаа, со што се потврди важноста и значајноста на оваа иницијатива на Пламенка Трајковска.

„Првиот концерт навистина позитивно не изненади, бидејќи покрај големата посетеност, децата искрено уживаа во нашиот перформанс. Топлиот аплауз после секое изведено дело од класичната музика ни даваат мотив да продолжиме да работиме на полето на едукација на децата и нивно запознавање со овој вид на музика.“ – вели Пламенка Трајковска, академски музичар и виолинист.

Концерите наменети за деца ќе се одржат во повеќе општини и ќе опфатат повеќе од 5.000 деца од главниот град. На концертите ќе бидат изведени дела од Бокерини, Бах, Бизе, Иванов и Офенбах, а посетителите ќе можат да уживаат и во феноменалните изведби на традиционалите македонски песни. Посебно внимение ке биде посветено на најмладата публика кај која ќе биде побуден интересот за музичките инструменти како виолина, виола и виолончело.

Тимот на Пламенка Трајковска – мали класични состави досега реализирал голем број на вакви концерти со извонреден успех, но овој е еден од позначајните, бидејќи таргет се томку децата и нивната едукација.

Генерален покровител на овие концерти ќе биде Градот Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top