| четврток, 6 декември 2018 |

Актерите од МНТ со работилница во италијанскиот град Лече

Во периодот од 17-24 март 2016 година, актерите од НУ Македонски народен театар Ѓорѓи Јолевски и Дарја Ризова ќе престојуваат во Лече, Италија, со цел одржување работилница на тема „Медеја“ и презентација на фрагменти од претставата „Госпоѓица Јулија“, која е во продукција на МНТ, а во режија на Саулиус Варнас од Литванија…

Тие ќе зборуваат за нивниот метод на работа при продукција на една претстава, вклучително и физички вежби со тело и глас, како и практични часови за текстот на „Медеја“ и употреба на импровизација во некои делови. Учесниците на работилницата се почетници и искусни.

На 18-ти март, во работилницата учество зеде и професорката Џорџиа Мадама, која предава на универзитетот за уметност „Фолкванг“ во Есен. Таа  зборуваше за начинот на кој се организира еден час.

На 23 март, со почеток во 21 часот, Ѓорѓи и Дарја ќе одржат презентација на фрагменти од претставата „Госпоѓица Јулија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top