Во дополнително соопштение што доцна синоќа беше испратено од страна на Специјалното јавно обвинителство беше дополнета изјавата на Катица Јанева, која таа вчера ја даде за медиумите и со која го оспори легитимитетот на сите други институции на државата.
Јанева соопшти дека вчера во жарот на својата историска изјава со која ги поништи судовите (вклучително и Уставниот) Претседателот на државата, Парламентот, Обвинителството (она за обичните смртници), Владата, заборави да спомене дека легитимитет немаат ниту избраните куќни совети и месни заедници и сите тие се ставаат под јурисдикција на Специјалното јавно обвинителство – стои во соопштението потпишано од Катица Велика Јанева.
Објектите за колективно домување ќе добијат еден заеднички управител, компанијата „Сам Свој Обвинител“, која ќе стопанисува со објектите и ќе се грижи за нивната хигиена и собрани месечни паушали.
Во соопштението се наведува и дека Катица Величествената веќе има 72,8% докази да го прошири списокот за одземање на легитимитетот и на други субјекти – односно дека бројот на субјекти со одземен легитимитет од нејзините 10 прсти само ќе се зголемува.
Нејзиното височество и легитимитетство, нека и се многу години, обзнани дека во земјава толку никој нема легитимитет освен неа, што никој нема ни легитимитет за да го оспори нејзиниот легитимитет. Според нејзините проценки, да и е вечен легитимитетот, на Балканскиот полуостров има максимум уште 2 лица со легитимитет, освен неа.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.