Германскиот репрезентативец Марио Геце ќе направи сензационален трансфер во летниот преоден рок. Тој од Баерн Минхен ќе направи кам-бек во редовите на Борусија Дортмунд, откако не доби вистинска шанса во баварскиот клуб, пишува „Билд“.
Геце имаше многу проблеми со повреди во изминатиот период и падна во втор план кај Пеп Гвардиола, но, секако е незадоволен затоа што речиси воопшто не добива шанса за настап. Тој размислува да се врати во Борусија Дортмунд, од каде во 2013 година направи сензационален трансфер во спротивна насока, кон „Алијанц арена“.
Марио Геце од 2009 до 2013 година за „милионерите“ одигра 83 натпревари и постигна 22 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
„Баварците“ повторно купуваат од Хофенхајм: Сандро Вагнер е нов напаѓач на Баерн Минхен
-
Баерн Mинхен едвај го победи последниот во Бундеслигата
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани