| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Извозот рекордно висок, а невработеноста историски ниска

 

Проектите кои се дел од целокупниот сет на поддршка за домашните компании што беа реализирани изминатиот период  директно влијаеа за зголемување на извозот кој во 2015 достигна рекордно ниво од 4.051 милиони евра – беше кажано на отчетот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

– Извозот забележа рекордно ниво што е најдобро остварување од осамостојувањето на Република Македонија, до денес. За отворањето на новите работни места што е евидентно и со новата историски најниска стапка на невработеноста во Македонија која достигна 24,6 проценти, за континуираниот раст на индустриското производство и за уште голем број на други позитивни резултати кои јасно говорат дека сме на вистинскиот пат. Сработеното досега, реализираните проекти во оваа област кои детално се нотирани во отчетот, се доволен гарант дека имаме визија и капацитет да продолжиме со уште посилно темпо да работиме во оваа област, бидејќи сме свесни дека претстои уште многу работа, уште многу простор за нови проекти и мерки и простор за дополнително подобрување на резултатите- рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тој потенцира дека успехот на секоја компанија е успех на државата и дека поддршката за секоја компанија значи поддршка за економскиот развој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top