Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и денеска не се појави на седницата на Комисијата за политички системи во републичкото Собрание на која требаше да биде разгледан извештајот на СЈО.
Јанева продолжува со дрското непочитување и газење како врз Собранието на Република Македонија, така и на сите државни институции, но и на Уставот на Државата. Јанева без никаков основ избегнува да го образложи Извештајот пред највисокиот законодавен орган во државата од кого е избран.
Јанева веќе втор ден бега од Законодавнот дом и не го образложува извештајот за шестмесечната работа на СЈО. Претседателот на Комисијата, Влатко Ѓорчев, ја одложи седницата поради тоа што обвинителката Јанева и денеска не се појави, иако, како што рече Ѓорчев, била уредно поканета.
– Собраниските служби нè информираа дека нема никаков одговор од СЈО иако досега до ова обвинителство се упатени две официјални покани. Поради тоа што не се создадени услови, ја одложувам седницата за утре во 13 часот – рече Ѓорчев.
СЈО вчера излажа дека немале добиено никаква официјална покана за присуство на Катица Јанева на седницата на Комисијата за политички систем каде требаше да се разгледува Извештајот за работата на СЈО.

Ова се официјални докази од евиденцијата за пратени и примени покани од архивата на Собранието на Република Македонија каде се гледа дека Катица Јанева ја примила поканата за денешната седница, но ја примила и поканата за закажаната седница на Комисијата за политички систем во Собранието на Република Македонија.
СЈО и Јанева продолжува со намерата максимално да го дискредитира Собранието на Република Македонија и да избега од давање на отчет и одговори за својата работа пред пратениците и македонската јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Министерот покрена постапка против романската обвинителка Ковеси, другарката на Катица
-
Катица Јанева: Покренуваме обвинение против пајакот
-
Скандалозна кражба на клуч за време на претресот на СЈО во домот на судијата Панчевски (видео)
-
Маневски: Треба да се избере професионален јавен обвинител, а не некој како Јанева


