| четврток, 6 декември 2018 |

Претставата „Арлекин, слуга на двајца господари“ премиерно прикажана во Босилово

Во Домот на културата во Босилово се одржа премиерата на претставата „Арлекин, слуга на двајца господари“ по текст на Карло Голдони, а во режија на Стојан Велков Трн…

Текстот припаѓа на првата творечка етапа на италијанскиот комедиограф и реформатор на тамошниот театар, во чии комедии настојувал да се оттргне силното влијание на комедија дел арте, со што го трасирал новиот пат на драматургијата на граѓанскиот театар.

Претставата е дел од проектот „Ревитализација на руралните средини преку уметност и култура“ што го спроведува Здружението за култура Трензен со учество на младинци од Општина Босилово и општина Струмица.

Во реализацијата помогнаа и КУД „Гоце Делчев“, поддржан од Општина Босилово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top