Министерот за транспорт и за врски Владо Мисајловски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојановски, денеска извршија увид во реконструкцијата на регионалниот пат Лажани – Ропотово – Црнилиште.
Овој пат во должина од 17 километри, кој почна да се реконструира во декември 2015 година, е инвестиција вредна 1,79 милиони евра.
-Денеска сум во посета на општина Долнени за да извршиме увид во реконструкцијата на овој регионален пат кој започна да се рехабилитира на крајот од минатата година. Според динамиката на работа очекуваме неговата реконструкција да заврши во септември оваа година – изјави министерот Мисајловски.
Министерот најави дека покрај овој пат во овој регион за кратко време ќе започне изградбата на новиот експресен пат Градско – Прилеп, а во тек е реконструкцијата на регионалниот пат Кривогаштани.
Мисјаловски најави и дека оваа година во Република Македонија ќе почнат со изградба уште пет експресни патишта.
Министерството за транспорт и за врски е пред потпишување договор за изградба и на канализација за населеното место Ропотово во вредност од 420.000 евра.
Ресорниот министер заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и градоначалникот остварија средби со жителите на општина Долнени и село Вранче со кој разговараа за тековните проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Молчењето околу измените на Уставот е една очајна политика на власта за манипулирање на граѓаните
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има нова енергија, нова надеж и нова понуда
-
Мисајловски: СДСМ набрзо ќе бидат сменети од власт како најслаба и најнеспособна влада во историјата на Македонија
-
Поделено ВМРО значи поделена Македонија