| четврток, 6 декември 2018 |

Игуаин тргнува по рекордот на Серија А-лигата од 35 гола во една сезона

10890-iguain

Напаѓачот на Наполи, аргентинскиот ас Гонзало Игуаин, игра во извонредна форма оваа сезона и досега на 30 меча во Серија А-лигата има постигнато неверојатни 29 гола.

„Златната копачка“ на Апенинскиот Полуостров за сезонава е осигурана, но Игуаин има пред себе многу поголем предизвик – да стане најдобар стрелец во историјата на Калчо-лигата, бркајќи го рекордот на Нилс Гунар Нордал.

Имено, Нордал во сезоната 1949/1950 постигнал дури 35 погодоци во дресот на Милан, остварување што засега беше недостижно за голгетерите во последните 65 години. Во последните дваесетина години најблизу стигна Лука Тони, кој во 2005 и 2006 во дресот на Фиорентина постигна 31 погодок.

Пред Игуаин е голем предизвик, во последните осум кола да постигне барем шест погодоци за да го израмни остварувањето на Нордал, или седум за самиот да стане апсолутен рекордер кога станува збор за голгетерите во историјата на Калчо-лигата. Шансите на Аргентинецот сѐ уште поголеми ако се земат предвид противниците, меѓу кои се и тимови пред испаѓање како Фросиноне и Верона, како и составите на Удинезе, Интер, Болоња, Рома, Аталанта и Торино.

rekord strelci

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top