| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна временска прогноза – силно невреме доаѓа кон Македонија

Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, од пладне со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови од земјата. Ќе дува слаб, претежно западен ветер. Температурата ќе се движи од девет до 20 степени.

Во Скопје ќе биде облачно, од пладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб, претежно западен ветер. Температурата ќе достигне до 18 степени.

До вторник дневната температура ќе биде во пораст, попладне ќе има локален слаб дожд, а од среда се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд и со спуштање на температурата за околу пет степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, времето в среда ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. На повеќе места ќе биде нестабилно облачно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер од 70 км/час и со услови за појава на град.
Локално се очекува да наврнат 30 литри на квадратен метар воден талог, информира УХМР.

Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top