Изминатите години реализирани се крупни капитални инвестиции во изградба на брани, пред се за водоснабдување на граѓаните како што е хидросистемот Злетовица, истакна заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски.
– Хидросистемот пуштен е во употреба во 2010-тата година и првенствено е наменет за водоснабдување на околу 100000 жители од Источна Македонија. Вредноста е 80 милиони евра, а треба да следи втора и трета фаза. Што се однесува до хидросистемот Лисиче во 2007-ма е пуштен во употреба, 65 милиони евра инвестиција и првенствено е наменет за водоснабдување на жителите од Чашка и општина Велес. Најважно што сакам да истакнам е дека 2016-та година дефинитивно ќе биде година на капитални инвестиции во водостопанството бидејќи ќе почне градба на брана Речани на Оризарска река, вкупна вредност 40 милиони евра. Ќе се гради брана Конско во Гевгелија. Треба да се реализира равен Речица, систем за наводнување во полошко поле, вкупна вредност од 10 милиони евра, рече Костадиновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Отчет на градоначалникот Коневски: Аеродром е една од ретките општини која не должи ниту денар (Видео)
-
Отчет за сработеното на Славчо Чадиев, Градоначалник на Велес
-
Градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев даде отчет за сработенотo
-
Градоначалникот Трајановски даде отчет: Работев напорно и транспарентно, изградивме многу за скопјани