Заменик министерот за здравство, Јовица Андонов, потенцираше дека проектот за доедукација на здравствените работници од јавните здравствени установи во странство е од исклучителна важност.
-Овој проект е од исклучителна важност за целокупниот здравствен систем во Македонија. Со ваша помош и владата овој проект успешно се реализира 4 години. Давањето можност за доедукација на здравствените работници од јавните здравствени установи во странство. Една од најзначајните цели е воведување на нови методи. Досегашните искства покажаа дека над 70% од докторите кои биле на едукација имаат воведено нови методи во својата матична установа која не биле практицирани во други здравствени установи. До денес имаме над 2200 здравствени работници едуцирани во реномирани медицински центри, во универзитетски клиники во повеќе земји во Европа, Сад, Кина, Јапонија, Австралија и така натаму. Да се подобри квалитетот на здравствените услуги кои ќе ги даваат нашите здравствени работници во јавни здравствени установи во Македонија. Овој проект е од големо значење зашто овозможува оптимална искористеност на најсовремената медицинска опрема која континуирано ја набавува Владата на Република во сите установи во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Панчо лут по приемот на Инфективна: Ако немаш врски на лекар, Господ нека ти е на помош!
-
Лекарите се налутија: Не го прифаќаат зголемувањето од 5 отсто