| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајловски: Преку 142 километри нов автопат, 800 милиони евра средства за инфраструктура

автопат

Македонија во моментов е едно големо градилиште, потенцира министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски на денешната презентација на отчетот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во моментов паралелно ги работиме сите три автопати. Има одлична динамика. Демир Капија-Смоквица инвестиција од 210 милиони евра, досега имаме прогрес од 73 проценти. Миладиновци-Штип имаме отприлика прогрес од 36 проценти. Смоквица-Гевгелија исто така се работи. Кичево-Охрид ни е најголемиот и најкрупниот проект. Станува збор за инвестиција од 374 милиони евра. Досега имаме севкупен градежен прогрес од околу 18 проценти. Накратко, да резимираме, преку 142 километри нов автопат или 800 милиони евра директно средства за инфраструктура, рече Мисајловски.

Министерот со лидерот на партијата, Груевски, разговараше и за експресните патишта.

-Велес-Кадрифаково е во длабока фаза, јас очекувам дека за неколку месеци комплетно ќе биде готов овој експресен пат. Ги почнавме и сите останати. Станува збор за Штип-Радовиш, Штип-Кочани веќе распишавме тендер за изградба. Ранковце-Крива Паланка исто така распишавме тендер за изградба. Прилеп-Градско веќе потпишавме договор за градба, очекувам наредниве месеци официјално и на терен ќе почнеме со градба. Ни останува уште последниот експресен пат Охрид- Пештани кој очекувам дека до крајот на оваа година ќе го почнеме. Или од прилика преку 164 километри и инвестиција од преку 330 милиони евра директно во патна инфраструктура,
рече Мисајловски.

Министерот потенцира дека во моментов се градат многу регионални и магистрални патишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top