За пијанистката Оксана Григориева светот дозна оној момент кога украинската уметница го тужеше својот поранешен партнер Мел Гибсон поради насилство во врската.
Таа 2010 година, пикантериите од нивната турбулентна врска со месеци ги полнеа медиумите, а односот на поранешните партнери е разрешен дури на суд, имајќи предвид, дека Оксана, освен за насилство, го тужеше Мел Гибосон и за алиментација.
Меѓутоа, неколку години по првата пресуда, Оскана, која со холивудската ѕвезда ја има шестгодишната ќерка Луција, пак покрена судска постапка против Гибсон со намера нејзиниот поранешен партнер да ги зголеми месечните давања за заедничката ќерка, од 20.000 на 100.000 долари.
Да потсетиме, Гибсон и Оксана се разделија пред пет години, откако актерот ја претепа својата девојка, бидејќи се сомневаше дека го изневерила. Тогаш во јавноста протекоа и снимките од телефонските разговори во кои се слушна како актерот ѝ се заканува со смрт на убавата Украинка.
Освен тоа, Оскана добива алиментација и за синот Александaр, коj го доби со актерот Тимоти Далтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.