Андрес Иниеста нема да се појави во тимот на Барселона на денешното гостување против Вилјареал. Шпанскиот репрезентативец заработи повреда на мускулот во второто полувреме од мечот со Арсенал, а тренерот Луис Енрике најави дека нема да ризикува со фудбалер што не е стопроцентно подготвен за настап на „Ел Мадригал“.
„Проблемот на Иниеста не е многу сериозен, но доколку не е во можност да го даде максимумот нема да игра. Ќе видиме што ќе се случи на последниот тренинг пред мечот“ – изјави вчера Луис Енрике.
Плејмејкерот очигледно не ги минал последните тестови бидејќи утрово се појави информацијата дека тој воопшто не се наоѓа на списокот од 18 фудбалери на Луис Енрике. За очекување е местото на Иниеста во стартниот тим да Барселона да му припадне на Арда Туран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.