| четврток, 6 декември 2018 |

Во денешниот напад во Истанбул загинаа тројца Израелци и еден Иранец

Тројца израелски државјани и еден Иранец се четворицата загинати во денешниот самоубиствен бомбашки напад во центарот на Истанбул, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Петта жртва во нападот, што се случи утрово пред влезот на еден трговски центар на улицата Истиклал, во близина на централниот истанбулски плоштад Таксим, е бомбашот-самоубиец.

Тројцата загинати Израелци се идентификувани како Симха Симан Демри (60), Јонатан Сухер (40) и Аврахам Голдман (70). Загинатот Иранец е Али Риза Калман, чија возраст не е соопштена.

Во нападот се повредени уште 36 други лица, од кои, според турските власти, 12 се странски државјани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top