Политиката на СДСМ со рушење на државата и непочитување на граѓаните да се дојде до власст не застана ниту по втурнувањето на државата во најголемата политичка криза. Незадоволна од тоа што веќе успеа без никакви изборни резултати да влезе во дел од власта, сега СДСМ постојано се обидува да најде изговори за да може да избега од избори. Црната кампања против ВМРО-ДПМНЕ но и против институциите и граѓаните, притоа немајќи никаква реална политичка програма со која би се настапило пред изборите, СДСМ нема друга опција освен продолжување на состојбата на криза. Таа би требало да продолжи со негирање на резултатите од прочистувањето на избирачкиот список во ДИК, институција која е раководена од СДСМ. Притоа во тоа сценарио во игра е и МВР на генералниот секретар на СДСМ, како и Катица Јанева и СЈО.
Сето ова е веќе видено сценарио за народот кој што бара реална работа на терен и политичари кои им ги решаваат проблемите. Граѓаните сакаат политика која реално ќе им го олесни животот како што е отворање нови работни места, средена инфраструктура, излегување во пресрет кога станува збор за здравството, економијата, социјалната заштита. Политика која е во насока на зближување на семејството, политика на грижливост од купување на дом, формирање на семејство, социјална заштита, грижата и помош за децата и постарите, образованието, напредувањето, кариерата… Сето тоа го препознаа во работата на ВМРО-ДПМНЕ.
Не случајно и последните анкети покажуваат дека деструктивната политика на СДСМ, напуштањето на анционалните интереси, рушењето и слабеењето на државната безбедност и нарушувањето на патеката кон проспериотетот наидуваат на лош одзив кај народот.
Според испитувањата на јавното мислење овој месец, ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно поголема предност од СДСМ, а граѓаните во работата на СЈО препознаваат политички притисок во функција на изборите. Според анкетата на Институтот „Павел Шатев“ за испитување на перцепцијата на граѓаните за повеќе актуелни прашања во земјава покажува дека на изборите закажани за 5 јуни, 37,9 проценти од граѓаните ќе го дадат гласот за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ ќе гласаат 16,1 проценти.
Повеќе од половината од анкетираните гласачи својата доверба за иден премиер би ја дале на Никола Груевски, 52,3 проценти, додека Зоран Заев на премиерско место го посакуваат 19,1 проценти.
Дури 64,3 проценти од анкетираните граѓани немаат доверба во работата на Катица Јанева и на Специјалното јавно обвинителство.
Интересно е што поголем е процентот на тие што сметаат дека обвиненијата од СЈО се политички мотивирани. Дури 67,8 проценти од испитаниците одговориле дека обвиненијата од СЈО за одредени функционери се неиздржани.
Обвиненијата на СЈО кон одредени функционери на власта нема да влијаат врз одлуката за кого би се определиле граѓаните на следните избори. Таков одговор посочиле дури 88,4 проценти од анкетираните граѓани. Само 5,1 проценти од испитаниците посочиле дека обвиненијата би им влијаела на одлуката.
67,2 проценти од анкетираните 1.075 граѓани посочиле дека работата на Катица Јанева и СЈО претставува обид за политички притисок врз власта. 19,8 проценти пак во функционирањето на СЈО препознаваат унапредување на правниот систем.
Телефонската анкетата на Институтот „Павел Шатев“ е спроведена во период од 13 и 15 март годинава. Биле опфатени 1.075 испитаници од сите шест изборни единици. Од институтот наведуваат дека биле опфатени повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а направена е поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.
-Со оглед дека целта на анкетата беше да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во Република Македонија, односно за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии. Сите останати етнички заедници беа вклучени во истражувањето- додаваат од Институтот „Павел Шатев“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.