Новата сезона во Формула 1 започна со борбата за пол-позицијата на патеката Алберт Парк, за Големата награда на Австралија. Победник е актуелниот шампион Луис Хамилтон кој утрешната трка која се вози во раните утрински часови по македонско време ќе ја стартува од првото место.
Тој стана само трет возач во историјата што ја достигнал оваа граница по легендарните Михаел Шумахер (68) и Аиртон Сена (65). Според новите правила во квалификациите, возачите беа елиминирани во интервали од 90 секунди во втората половина од секој циклус. Тоа бараше да брзаат за да остварат подобри резултати порано и така не остана време побваните да реагираат. Вкупниот резултат од тоа беше првиот сегмент да биде интересен, вториот не толку многу, а во третиот само двајцата возачи на Мерцедес направија напор да свртат два круга.
Токму тие ги освоија првите две места бидејќи Хамилтон победи на квалификациите, а зад него остана неговиот тимски колега и актуелен вицешампион Нико Розберг. Од останатите, прв беше Себастијан Фетел од Ферари заедно со колега Кими Раиконен. Пред првата трка во сезоната немаше големи изненадувања иако возачите и тимовите пред стартот на сезоната негодуваа поради новиот начин на квалификации.
рката за Големата награда на Австралија се вози утре од 7 часот по средноевропско време.
РЕЗУЛТАТИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес 1:23,837
2. Нико Розберг Мерцедес 1:24,197
3. Себастијан Фетел Ферари 1:24,675
4. Кими Раиконен Ферари 1:25,033
5. Макс Ферстапен Торо Росо 1:25,434
6. Фелипе Маса Вилијамс 1:25,458
7. Карлос Саинс Торо Росо 1:25,582
8. Даниел Рикјардо Ред Бул 1:25,589
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.