Најмалку две лица загинаа, а седуммина други се повредени денеска при самоубиствен бомбашки напад на главната шопинг улица во центарот на Истанбул.
Како што јави ДПА, нападот се случил на булеварот Истикал во близина на централниот истанбулски плоштад Таксим.
Засега нема повеќе детали за нападот.
Денешната експлозија во Истанбул доаѓа по нападот во Анкара минатиот векенд, при кој загинаа 37 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.