Одложена вечерашната седница на Државната изборна комисија во врска со извештајот по направената вкрстена проверка на податоците во избирачкиот список. Седницата е одложена но без прецизиран нов термин за нејзино одржување.
Како што соопшти Љупка Гугучевска, советничка во Комисијата, одлуката не била донесена и било заклучено дека е потребно дополнително време за консултации околу податоците во извештајот.
– Потребно е дополнително време за консултации. За сите понатамошни активности јавноста ќе биде известена – рече Гугучевска. Таа не сакаше да одговори на новинарските прашања за тоа што се разговарало на вечерашната седница. Не соопшти ниту дали во текот на утрешниот ден Комисијата ќе има седница на која би се донела одлука за извештајот од вкрстените проверки на избирачкиот список, а кој крена прав во јавноста откако стана јасно дека има голем број спорни гласачи во списокот.
Стартот на седницата се одлагаше неколку пати за на крај од ДИК да известат дека седницата се одложува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.