Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими престојува во работна посета на Република Австрија, каде што се сретна со министерот за Европа, интеграција и надворешни работи Себастијан Курц.
– Поддршката од страна на Австрија е од суштинско значење за Република Македонија, истата e зајакната и со донесувањето на Акцискиот план Австрија-Македонија, во текот на Вашата посета на земјата во февруари, истакнал Бесими.
Билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Австрија се карактеризираат со пријателство и разбирање и динамичен дијалог на високо ниво. Двете страни покажуваат интерес за постојано унапредување на односите и на соработката во голем број на области.
На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, се разговарало и за евроинтегративниот процес на земјата.
– Австрија е една од земјите Пријатели на Македонија и дава заложба за европската перспектива, како на Македонија, така и на регионот. Македонија треба да напредува во претпристапниот процес, бидејќи отпочнувањето на преговорите е најдобар инструмент за разрешување на клучните предизвици, истакнал Бесими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.