Секоја година, 21-ви Март е резервиран за одбележување на три големи настани. Освен што ќе и кажеме големо “Добредојде” на пролетта и на денот на екологијата, ќе го прославиме и Светскиот ден на поезијата.
Одлуката 21 март да се прославува како Светски ден на поезијата беше усвоена во Париз во 1999 година, на 30-та. сесија на УНЕСКО. Оттогаш денот на поезијата се празнува со книжевни собири низ цел свет и поетите од сите континенти праќаат пораки.
Разновидност во дијалог, слободен проток на идеи преку збор, креативност и иновација. Светскиот ден на поезијата е покана да се размислува за моќта на јазикот и целосен развој на креативните способности на секој човек.
НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола и ОУ „Гоце Делчев“ – Битола, го одбележуваат Светскиот ден на поезијата со поетско читање на учениците, читање на избор стихови од македонската и албанската поезија и лични творби од страна на учениците и на крај ќе следува настап на учениците од дневниот престој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.