СЈО на Катица Јанева испрати остар демарш до Советот на јавни обвинители. Во него, специјалната обвинителка со специјално писмо му пиша на Аневски дека Советот лаже. Во брзата пратка испратена преку фирмата за брза достава „Курир“, Јанева специјално посведочи:
-„Не е точно дека немало никој да го образложи нашиот извештај! Имаше, ама не сте ја виделе, т.е. препознале. Фатиме беше таму, ама пошто не беше во вообичаената садо-мазо црна гардероба, шминка и поза и немаше камшик в раце, не сте ја познале. А таа, така повлечена и срамежлива, неќела сама да се пријави. Чекала, чекала на портирница саат и пол, па си заминала расплакана. Арам да ти е Петре што ја расплака, срамота! СЈО преку најзасегнатиот околу маката на Фатиме, Гаврил, ќе покрене постапка за овој грд чин и непоштовање кон оваа квази-институција. Точка.“– напишала Катица.
„Либертас“ дознава дека замерката до Аневски задоцнила поради фактот што „Карго експрес“ и „DHL“ немале струја, па Катица со тешко срце морала да се согласи да се огласи преку брзите пратки на „Курир.“ Мака и било и на Ленче, која пукнала што не таа туку Фатиме, макар маскирана, била испратена во Советот, поради што демонстративно заминала на фризер за да се опушти и исшатира.
„Плус инфо“, пак, ексклузивно пренесе дека Катица Јанева, по јавување од една амбасада, осамена на еден скопски рид со бесценети ископини под неа, и самата заминала кај Аневски, но не успеала да влезе.
-„Ја гуравме колку можевме, ама не можевме да ја прогураме преку тесниот џам на подрумот од Советот. Не бива, преишее корпулентна човече!“ – посведочи, затемнет ко џанкер, за професионалните „24 вести за СДСМ“ уредникот на порталот.
Поликлинико и неговиот ривалски „Доказ“ истовремено пренесоа дека Јанева, всушност, сакала да влезе на „мала врата“, ама и тие, па и најмалите врати биле горе, каде ќе ја виделе неподобните медиуми, големи непријатели на нејзиниот омилен спасител, т.е. лидер. Затоа, Ката се обидела да се прошуња низ џамот, ама не ја збрало. Пробала и преку специјалниот лифт за заштитени сведоци, ама и таму имало ограничување на 200 кг. На егзибициите ја принудил паничниот страв од прашањето – што бидна и каде исчезнаа 500.000 раговори од фондот на Заев, бројка која тој лично и гордо ја објави во студио кај непријателот Латас.
За да се извади што не дојде во Советоти скршена од болка што некоординирано објави дека примила само 550.000, а нејзиниот лидер 1.050.000 разговори, на Јанева и светна во последен момент. Многу промуќурно таа се снајде и извади со проглас на Специјален ден на жалост и на два дена го затвори СЈО. Ете зошто не дошла. Не објасни дека, всушност, жали за некоординираната глупост и бељата што му ја смести на Заев, но СЈО и онака не полага сметка никому, а најмалку за некаква си причина за ден на жалост. Па биле и два…
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.