| четврток, 6 декември 2018 |

Ева Рас открила зошто не била на погребот на Драган Николиќ

Актерката Ева Рас открила зошто не била на погребот на  Драган Николиќ на кој присуствуваа голем број  актери, пријатели, функционери и обожаватели.

eva-ras-dragan-nikolic-foto-ps-dragana-udovicic-1458227835-866125

На Ева ѝ било исклучително тешко да присуствува на погребот на својот колега, затоа што верува дека на Милена Дравиќ би ѝ било уште полошо кога би ја видела неа како тагува по Драган.

– Јас не сум појава што може да пружи утеха – ја почна Ева приказната за пријателството со покојниот актер Драган Николиќ и неговата сопруга  Милена Дравиќ.

-Не, не бев и повеќе не одам на погреби. Го погребав целото мое  семејство  и јас не сум некој кој може да им даде утеха на ожалостените. Да ме видеше Милена тогаш уште повеќе ќе се расплачеше затоа што нашите трагични судбини полека се поклопуваат – раскажала Ева во една телевизиска емисија. Таа исто така кажала дека следниот погреб на кој ќе отиде ќе биде токму нејзиниот.

-Јас ќе одам на само уште еден погреб, ќе мораат да ме погребаат кога ќе починам – заклучила познатата актерка.

eva-ras-foto-printskrinprva-1458228009-866127

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top