Лидерите на членките на ЕУ на самитот во Брисел договориле заедничка позиција за планот за враќање на десетина илјади мигранти во Турција која ќе му биде понудена денеска на турскиот премиер Ахмед Давутоглу.
Претседателот на Советот Доналд Туск и шефот на извршната комисија треба утрово да му го претстават на Давутоглу договорните позиции на ЕУ за да ги одобри.
Ако не дојде до такво нешто, лидерите на 28 земји членки на ЕУ повторно ќе се состанат да го преиспитаат предложеното. На основ на планот за договор, ЕУ ќе плати за враќање на мигранти во ТУрција кои не ги исполнуваат условите за азил.
За секој вратен мигрант ЕУ ќе прими еден сириски бегалец кој ќе биде распореден меѓу државите на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.