| четврток, 6 декември 2018 |

Дебарчани меѓу најхуманите во крводарувањето

Во општина Дебар во просек годишно се собираат над 800 крвни единици од крводарителските акции.

133083803

Секретарот на дебарскиот Црвен крст Исни Телќиу денеска по повод Денот на крводарителството изјави дека општина Дебар се вбројува во најхуманите општини во однос на крводарувањето.

– Годишниот план е проектиран на 744 крвни единици, но во последните шест-седум години, не само што планот целосно го исполнуваме, туку и го надминуваме и во просек годишно прибираме над 800 крвни единици. Радува фактот што се почесто крв одлучуваат да даруваат млади, што значи дека тие стануваат се посвесни дека со даруваната крв спасуват нечиј живот, изјави Телќиу, кој е и крводарител.

Досега, во две од планираните 12 крводарителски акции за годинава собрани се над 70 крвни единици што, според Телќиу, влева надеж дека хуманоста ќе биде потврдена и годинава.

Планирани се, додаде Телќиу, и две вонредни крводарителни акции во летниот период кога во родниот крај престојуваат иселениците од западноевропските земји и САД.

Во дебарскиот крај крводарувањето е традиција во многу семејства, а меѓу крводарителите има и такви кои крв дарувале по 90, 100 и над 130 пати

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top