Фудбалската репрезентација на Македонија на 23. март во Копер и на 29. март во Скопје ја очекуваат пријателските натпревари со Словенија, односно Бугарија.
Селекторот Игор Ангеловски за тест дуелите повика 18 фудбалери, со неколку измени во однос на претходните собири, враќајќи ги во тимот Мартин Богатинов, Арменд Алими и Адис Јаховиќ…
– Јаховиќ е повикан затоа што ние не сме фудбалска велесила па така лесно да се откажуваме од фудбалерите. Јаховиќ добива нова шанса. Не навлегувам кој и како бил виновен при неговиот инцидент кога беше отстранет од репрезентативните редови, но знам дека во иднина нема да толерирам никаква недисциплина. Очекува секој фудбалер да биде пример за однос кон репрезентацијата – истакна Ангеловски на денешната прес-конференција во ФФМ, при соопштувањето на репрезентативниот список.
А, токму и однесувањето на Јаховиќ од минатото покренува и подготовка на нов кодекс на однесување на репрезентативците за време на собирите, кој ќе го потпишат при доаѓањето на подготовките.
– Подготвивме кодекс за однесување на репрезентативците, и тие сите ќе го потпишат при доаѓањето. Нас ни е јасно дека секој од нив е професионалец и добро е ја знае тежината на националниот дрес, но поради некои случувања од минатото мора да се стави и посериозен ред – рече директорот на А репрезентацијата, Саша Ќириќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.