Во велешкото село Горно Оризари 50-годишниот Мујо Ц. го убил со пиштол својот 26-годишен син Сеад Ц., а потоа излегол во дворот од куќата и застрелал уште едно лице по што се самоубил, информира велешката полиција.
Според информацијата од СВР Велес, инцидентот се случил денеска околу 12:30 часот, кога сторителот откако го извршил убиството излегол во дворот од неговата куќа, каде го сретнал неговиот сосед М.Л. (53) и се обидел и него да го убие испукувајќи два истрела од неговиот пиштол марка Токаров 7,62 мм. Тој при тоа го ранил и со една прострелна рана во левата рака М.Л е префрлен на лекување во велешката Градска болница и е вон животна опасност.
Откако го извршил убиството и обидот за убиство 50-годишниот Велешанец си испукал еден куршум во слепоочницата. Потоа тој бил префрлен во Градската болница во Велес каде починал.
Пиштолот со кој се извршени инкриминираните активности сторителот го поседувал со дозвола.
Увид на местото на настанот се врши од страна на јавен обвинител, истражен судија и екипи на СВР Велес.
Причините и мотивот за убиството, убиството во обид и самоубиството се очекува да бидат утврдени во текот на истрагата, велат од СВР Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)


