Македонскиот документарен филм „Вања-со маки сум се родила“, посветен на легендарната Вања Лазарова е примен во официјалната програма на „Стар док филм фестивал“ за документарни филмови што ќе се одржи од 25 до 27 март годинава во Лос Анџелес.
На овој реномиран фестивал ќе бидат прикажани филмови од цел свет, селектирани во 19 категории. Македонскиот филм е пласиран во категоријата за најдобар музички документарец.
Автор на филмот е долгогодишниот менаџер на Лазарова и издавач Иво Јанкоски, режисер е Синиша Ефтимов, а филмот е во продукција „Медиа Броудкастинг“ од Скопје.
Ова е негово четврто претставување на меѓународни филмски фестивали по трите претходни на интернационалните фестивали во Рим и Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.