| четврток, 6 декември 2018 |

Облечете шарени чорапи, обоите шарени нокти на Светскиот ден на Даунов синдром

На 21 март е планирана дебата на тема „Моите пријатели, моја заедница“. Придобивките на денешните деца, а идни возрасни лица, доколку растат во Лицата со Даунов синдром, треба да уживаат целосни и еднакви права исто како и другите луѓе, без разлика на возраста. Ова ја вклучува и можноста за нивно целосно учество во заедницата во која живеат

Центарот за Даунов синдром се вклучува во светската кампања за одбележување на 21 Март, Светскиот ден на Дауновиот синдром и ги повикува сите граѓани во Република Македонија да носат шарени чорапи и да обојат шарени нокти на нивните настани, како и на самиот ден, 21 март.

– Нека ве прашаат зошто сте шарени, а вие кажете за овој дени и луѓето кои заслужуваат поддршка и внимание, не само на 21 март – порачуваат од Центарот за Даунов синдром.

Од Центарот за одбележување на овој ден заедно со Македонскиот народен театар и со поддршка од Министерството за култура направија претстава „Викај ги среќа“ чија премиера е закажана за 20 март на малата сцена на МНТ во 19,30 часот.

На 21 март е планирана дебата на тема  „Моите пријатели, моја заедница“.

Придобивките на денешните деца, а идни возрасни лица, доколку растат во Лицата со Даунов синдром, треба да уживаат целосни и еднакви права исто како и другите луѓе, без разлика на возраста. Ова ја вклучува и можноста за нивно целосно учество во заедницата во која живеат.

Реалноста за многумина од нив, е дека доминантните негативни ставови резултираат со ниски очекувања, дискриминација и маргинализирање, создавање заедници каде децата и возрасните со Даунов синдром не можат успешно да се интегрираат со нивните врсници.

Но, онаму каде на децата со Даунов синдром им се дава шанса да учествуваат, сите деца имаат корист од оваа вклученост и на тој начин се гради средина во која царуваат пријателства, прифаќање, почит и високи очекувања.

Инклузивните средини исто така ги подготвуваат денешните деца за живот во кој тие утре ќе бидат возрасни и ќе им овозможат на лицата со Даунов синдром да живеат, работат и учествуваат, независно и со голема самодоверба, целосно вклучени во општеството заедно со своите пријатели и врсници.

– На Меѓународниот ден на Даунов синдром, понеделник, 21-ви март 2016 година, ве повикуваме да ни се придружите и да ја дадете вашата поддршка за децата и возрасните со Даунов синдром, и заедно да го истакнеме слоганот „Моите пријатели, моја заедница“ и да го поттикнеме светот да зборува за придобивките за сите нас од создавањето инклузивни средини – велат од Центарот за Даунов синдром.

На 27 март е планирана хуманитарна трка „Трчај за Даун“ долга еден километар, која ќе се одржи во Градски парк во Скопје, кај Школка, во организација на мечувалскиот клуб Ескрим, поддржан од Центарот за Даунов синдром.

– Во првата недела од април ќе бидеме гости во Драмски театар на претставата „Снежана и седумте џуџиња“. Пред претставата сите заинтересирани ќе имаат можност да дознаат повеќе за работата на Центарот за Даунов синдром, за амбициите и желбите на лицата со Даунов синдром кои ќе делат брошури, ќе продаваат календари, маички и ќе стекнуваат нови пријатели – вели Ида Мантон, претседателка на Центарот за Даунов синдром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top