| четврток, 6 декември 2018 |

Ирачката војска во офанзива против ИД

Офанзивата на ирачките сили врз припадниците на Исламската држава во близина на градот Хит принуди околу 35.000 луѓе да ги напуштат своите домови, соопшти портпаролот на американската војска, полковникот Стив Ворен, пренесува „Танјуг“.

irak ID

По пат на видеоконференциска врска од Багдад, Ворен наведе дека сега предизвик на ирачката Влада е да ги згрижи тие луѓе.

Тој додаде дека коалицијата на чело со САД, заедно со хуманитарните организации, прави сè што може за да ја олесни нивната ситуација.

Откако ИД ја врати контролата врз градот Рамади во декември минатата година, ирачката војска сега поаѓа во офанзива во долината на реката Еуфрат, кон градот Хит, кој е од стратегиско значење, наведуваат американските медиуми, пренесува „Танјуг“.

Ворен додаде дека ирачките сили заробиле 149 борци на ИД што се обиделе да се измешаат со цивили, и нагласи дека верува дека ИД сега е во дефанзива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top