Кога станува збор за финансиите, жените се многу позафрижени за разлика од мажите. Така тие се многу понегативно расположену во однос на иднината на своите лични финансии и економијата како целина, пишува весникот „Daily Star“ за истражувањето на една британска организација на потрошувачи.
Според истражувањето, жените поминуваат околу 11 часа месечно во грижа за пари, додека мажите се загрижени за парите 9 часа месечно. Жените почесто сметаат дека нивната финансиска состојба е нестабилна, а поретко очекуваат дека во иднина ќе имаат зголемување на финансиите, а од друга страна пак помалку штедат.
Според авторите, истражувањето покажува дека жените многу потешко ги поднесуваат финансиските проблеми и многу повеќе се загрижени за нив, пренесува Фактор.
„Надлежните би требало да најдат подобр начин за да ги поддржат жените, а кредиторите треба да го земат ова во предвид“, вели директорот на организацијата што го изработила истражувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


