Младоликиот изглед е во гените на некогаш ултрапопуларната Шер. Aмериканската пејачка и актерка овој мај ќе наврши 70 години. Ни таа, ни нејзината мајка Џорџија Холт, воопшто не личат на годините што ги имаат. Мајката на Шер ќе полни 90 години, иако изгледа барем една деценија помлада.
– Еве како изгледаат 70 и 90 години во моето семејство. Мама нема шминка – напиша Шер на фотографијата што ја сподели на „Твитер“.
This is what 70 & 90 looks like in my family…. Mom has NO MAKE UP ON pic.twitter.com/KnegHdbzMb
— Cher (@cher) March 14, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.